300
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков зборуваше за информациите на „Њујорк Тајмс“ дека генералот Сергеј Суровикин знаел дека се подготвува бунт од групата „Вагнер“ и дека го поддржува Евгениј Пригожин.
Коментирајќи ги негативните најави за заменик командантот на руските вооружени сили во Украина, генерал Сергеј Суровикин, Песков рече дека тоа се шпекулации и озборувања.
„Сега ќе има многу шпекулации, озборувања и слично за овие настани. Мислам дека ова е еден од тие примери“, рече Песков, одговарајќи на прашањето на новинарот да ги коментира информациите што се појавија во медиумите дека генералот Суровикин наводно знаел за плановите на Пригожин да започне бунт.