-Не се фабриките тие што најмногу го загадуваат воздухот. Проблемот е многу поголем и неговото решавање е сложен процес. Во минатото не ни знаевме што дишеме, а Владата ги набави мерните станици за да го следи загадувањето на воздухот, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Според него, Владата е свесна за големото загадување и во идниот период напорно ќе се работело на намалувањето на загадувањето.
Денеска во Тетово неколку илјади граѓани излегоа на протест поради загадувањето на воздухот и поради тоа што Владата не презема ништо со што би се подобрила ситуацијата. Иако се најавуваат и спороведуваат најразлични мерки како садење на дрва и прскање на улиците, сега за сега загаденоста на воздухот во Македонија достигнува и до 20 пати над максимално дозволеното.