По кусо боледување, почина Слободан Чашуле

by Фокус

Поранешниот министер за надворешни работи во периодот 2001 – 2002 година, Слободан Чашуле почина ноќеска во Мадрид по кусо боледување. Чашуле имаше 70 години, а во Мадрид ја вршеше должноста амбасадор на Република Македонија во Шпанија.

Слободен Чашуле, македонски новинар и политичар, е роден  27 септември 1945 година и е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година го завршил своето образование  на Папскиот католички универзитет во Лима, Перу.

Чашуле е основач на  ТВ Скопје и бил дописник  ТВ Скопје во Чиле и Перу, дописник за Танјуг во Латинска Америка и Карибите и главен уредник на Танјуг во Македонија. На 30 ноември 2001, Чашуле стана министер за надворешни работи на Македонија, четврти по ред во владата на Љубчо Георгиевски. Во 2002 година избран е за пратеник во македонското Собрание.

Поврзани новости