Пешевски: Немам никакви приходи од фирмата во Кипар

by Фокус

Вицепремиерот Владимир Пешевски ги отрфли обвинувањата дека додека бил на функција директорувал со компанија од Кипар и со години го криел тоа, што е спротивно на законот за спречување судир на интереси.

Пешевски врди дека откако стапил на функција ги замрзнал сите активности на фирмата „Фертисимо“ и од тогаш таа немала никакви приходи.

„Фирмата „Фертисимо“ е регистрирана во првата половина на 2006 година и беше активна како фирма за консултантски услуги до крајот на 2008 година, пред воопшто да бидам политички активен и да стапам на функцијата вицепремиер…На функцијата вицепремиер и член на Владата сум именуван во месец јули 2009 година. Од моето стапување на функцијата, активностите на фирмата се целосно замрзнати, односно од самиот почеток на 2009 година, значи неколку месеци пред воопшто и да знам дека ќе имам политичка функција. Се до ден денес, фирмата нема апсолутно никакви (нула) приходи.” – напиша Пешевски на Фејбук.

Пешевски вели дека функцијата на „директор” на фирмата, само формално стоела во регистарската влошка, но била целосно пасивна.