Министерството за правда и вечерва мета на Шарената револуција

by Фокус 18:43
18:43

Дождот не ги спречи демонстрантите и вечерва да излезат на протест, кој како и секогаш започна пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Со транспарент „Нема да ви помине” граѓаните го започнаа демонстративниот марш против аболицијата на Иванов.

- Advertising -

На пат кон Собрание, исто како и вчера, граѓаните го офарбаа Министерството за правда.

Демонстрантите велат дека нема да се откажат од барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство

 Тие бараат итно оставка од претседателот Иванов и формирање на специјално одделение во судот кое ќе биде надлежно за случаите на СЈО, како и експертска влада која ќе организира фер и демократски избори.