Албанскиот писател доби споменик со погрешни датуми на раѓањето и смртта

by Фокус

Споменикот на албанскиот писател Пјетр Богдани, кој вчера после полноќ беше поставен во паркот Жена Борец е направен со грешка.

На постаментот стојат годините 1630-1686, датумите кои можат да се најдат на англиското издание на интернет енциклопедијата Википедиа.

На албанското издание на Википедија,пак  стојат годините 1625-1689, а тие датуми се среќаваат и во сите текстови на албански јазик напишани за овој албански писател од 17 век.

Овие датуми стојат и на банкнотата од 1.000 албански лека која е со неговиот лик.

Автор на споменикот на Пејтр Богдани е младата скулпторка од Прешево, Србија, Линдита Бекири, млада уметница која имала 27 години кога победила на огласот на општина Центар во 2011-та.

За поставувањето на споменикот пак, одговорност презеде Општина Чаир  иако е под ингеренции на општина Центар.