Пешевски: Греењето на дрва е поголем загадувач од Југохром

by Фокус

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска загадувањето на Тетово го образложи дека е поради тоа што голем дел од населението се грее на дрва. Според вицепремиерот, Југохром не е најголем загадувач на Тетово.

-Подготвителните активности се во тек, а она што можеби не се знае во јавноста е дека Југохром работи со 20% од капацитетот. Значи загадувањето од Југохром е многу мал учесник во вкупното загадување наТетово. Ние се разбира ќе инсистираме компанијата да ги задоволи стандардите согласно одлуките на Влада и согласно европските норми. Доколку тоа не се случи во предвидените рокови се разбира ќе се преземат соодветни законски мерки, рече Пешевски.

Денеска на мерната станица во Тетово во 14 часот беа измерени 622 микрограми ПМ10 честички, а во текот на ноќта нивото било дури 833 микрограми, што е речиси 17 пати над дозволеното.

Поврзани новости