Штрајк на судската администрација

by Фокус 09:13
09:13

Судската администрација и вработените во управата излегуваат на штрајк. Со двочасовен предупредувачки прекин на работа бараат итни измени во Законот за судска служба. Протестот започнува во 10.30 а службениците ќе ги напуштат работните места и излегуваат пред институциите. Синдикатот на УПОЗ смета дека законот кој е на сила е недоречен, набрзина донесен и неприменлив на терен. Бараат намалување на високите казни, и измени во начинот на оценување на работата на службеникот.

Здружението на судска администрација и синдикатот обвинуваат дека не само што не биле вклучени во донесување на постоечкиот закон, туку воопшто власта немала слух за нивните забелешки и обиди за средба и договор. Синдикатот на УПОЗ уште за време на усвојување на новите законски решенија, регираше дека тие се ригорозни и неприменливи.

- Advertisements -

Поврзани новости