СДСМ не сфаќа дека шеста година е на власт. Комисијата за избори и именувања не закажуваше седници, а ние конструктивно работиме, рече Жаклина Пешевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Топ тема“.
-Деловнички треба да се разгледаат сите кандидати за уставни судии ако се под една точка, а не да се двојат по желба на претседателката на Комисијата и затоа таа треба да одговара. Да беше одговорна претседателката на Комсијата ќе дадеше образложение барем за сработеното во Собранието, а не само тоа, таа не беше воопшто присутна, рече Пешевска.
Недозволиво е, вели Пешевска, единствен критериум за уставен судија да е тој дека треба да биде истакнат правник, нешто што може широко да се толкува. И тоа е недозволиво.
-Како мислат од власта да ја подобрат работата на Уставниот суд кога имаат личност која крајно несоодветно постапува, рече таа.