Перо Антиќ: Катарина е позгодна од Лила и Маријана!

by fokus

Кошаркарската легенда Перо Антиќ (40), кој важи за личност која не сака да ја експонира приватноста во јавност, откри интересни детали за себе во шоуто на Лазаров.

Претседател на Кошаркарската Федерација, првиот Македонец кој потпиша договор со НБА, татко на три сина кои ги доби во бракот со Ружица, со која се разведоа пред околу три години, периодов актуелен по гласините за врската со моделот Катарина Ивановска, тој традиционално вешто успева да ги избегне љубопитните прашања поврзани со личниот живот.

Но, во отворено поставените прашања во шоуто, Антиќ иако со кратки одговори, сепак обелодени дел од својата приватност. Откри дека вози автомобил кој изнесува 200.000 евра, но и дека најголемиот бакшиш кој го оставил за песна изнесувал 7.500 евра.

Раскажа дека сака да прославува хедонистички, но и дека убаво се забавува без алкохол, односно им порача на младите дека можат да пијат сокови и да си поминат убаво.

На прашањето која според него е најзгодна од трите дами, Лила Филиповска, Маријана Стојановска или Катарина Ивановска, тој веднаш одговори дека Катарина е најзгодната. Додаде дека врската им започнала романтично, но не сакаше да повеќе да зборува на темата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости