Австриска министерка напишала плагијат-докторат поврзан со Југославија?

by Фокус

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер тврди дека и докторската дисертација на австриската министерка за правда Алма Задиќ е плагијат.

Инаку, Задиќ, која има босанско потекло, ја напишала својата докторска дисертација на тема „Транзициска правда во поранешна Југославија“.

Вебер и поранешниот декан на Универзитетот „Лудвиг Максимилијанс“ во Минхен, Мануел Тајсен, како и научничката Катарина Ренер, тврдат дека министерката со босанско потекло многу копирала во таа работа.

Вебер тврди дека докторската дисертација на Задиќ е мешавина од реченици и низа зборови кои се целосно преземени, без да го наведе изворот.

Министерката Задиќ, пак, во првата реакција рече дека тоа се неосновани и неточни тврдења.

Инаку, Вебер е познат ловец на плагијати, па минатата година ја собори поранешната министерка за труд, Кристина Ашбахер.

Поврзани новости