Партија за економски промени 21 го прашува ВМРО ДПМНЕ, дали намерно го попречува спроведувањето на регуларни, фер и демократски избори само затоа што се свесни дека ги очекува пораз и казна од граѓаните на Република Македонија?!
– ВМРО ДПМНЕ знаат дека со спроведување на договореното и потпишаното во Пржинскиот договор, нема да можат повеќе да ги лажираат изборите и да ги крадат гласовите на граѓаните. Од друга страна ќе мора да одговараат за сите незаконски постапувања и богатења на штета на Република Македонија и нејзините граѓани – се наведува во соопштението.
Од партијата понатаму велат дека опозициските партии преку своите органи и тела слободно и демократски ја донесоа одлуката за бојкот на изборите и за потпишување на Платформа за демократска Македонија во согласност со реалната состојба, бидејќи на 5 јуни 2016 год нема услови да се одржат регуларни, фер, слободни и демократски избори во Македонија.
– Прашуваме ДПМНЕ, колку народни пари мора да потроши за да купи неколку привезоци кои ќе учествуваат на избори за да глумат опозиција на штета на иднината на нашата Македонија и нејзините поколенија?! – се наведува понатаму во соопштението.