Медитерански фусили

by Фокус 14:44
14:44

Почувствувајте го вкусот на Медитеранот во вашиот дом. Рецепт кој се приготвува брзо о лесно, а вкусот е неодолив. Прочитајте како да ги направите овие медитерански фусили.

Потребни состојки:

- Advertisements -

200 гр спирални тестенини (фусили)

50 гр кашкавал едамер Интерлат

50 гр шунка Пекабеско

50 гр кулен Пекабеско

2 лажици маслиново масло

1 млад кромид  исечкан на тркалца

2 чешниња лук ситно исечкан

5 шери домати исечени на половина

10 маслинки каламата исечкани на тркалца

сол, бибер во зрна и рузмарин

магдонос за декорација

Начин на приготвување:

Тестенините ги вариме според упатството на кесичката.

Во меѓувреме на маслиново масло ги пропржуваме кромидот и лукот додека не омекнат.

Зачинуваме со сол,  бибер во зрна и рузмарин. По 5 минути ги додаваме шери доматите исецкани на половинки и маслинките исецкани на тркалца. Пропржуваме уште неколку минути и потоа ги додаваме сварените фусили.

Мешаме убаво состојките да се соединат и динстаме уште 3-5 минути. Садот го тргаме од оган.

Медитеранските фусили ги послужуваме во стаклена чинија додавајќи ги на средина Пекабеско шунката и куленот кои се претходно исецкани на ситни парчиња.

Најодозгора го додаваме кашкавалот на коцки. Зачинуваме по вкус и декорираме со магдонос.

Пријатен медитерански ручек 🙂

 

Поврзани новости