47
Во несекојдневна тепачка меѓу двајца „ветерани“, на возраст од 75 и 76 години, тешко е повреден едниот од нив, додека другиот е уапсен, соопшти МВР. „Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:45 часот го лишиле од слобода Ц.К. (75) од Куманово, по претходна пријава за физичка пресметка. Според МВР, околу 21 часот, по претходна вербална расправија, дошло до физичка пресметка меѓу Ц.К. (75) и Б.П. (76), двајцата од Куманово.
Во пресметката 76-годишниот Б.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово“, велат од полицијата.