Гаши: Опозициските прашања ќе бидат повторени

by irena 16:45
16:45

Собранието ќе ги повтори опозициските прашања во рамки на 130. пленарна седница, се согласиле координаторите на пратеничките групи, соопшти попладнево претседателот на Собранието Африм Гаши, без да прецизира кога ќе се одржи седницата.

Собранието потоа се префрли на 129. пленарна седница и со 63 гласа „за“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки, чиј што указ не беше потпишан од претседателката на државата Сиљаноска-Давкова, со укажување.

Владејачкото мнозинство поднесе амандман со кој беше избришан членот од укажувањето на Сиљаноска-Давкова.

Слични вести