1
Маурисио Покетино официјално стана нов тренер на Манчестер Јунајтед, објави клубот. Аргентинецот доаѓа на местото од Мајкл Керик, кој вчера доби отказ.
Маурисио Покетино потпиша договор до јуни 2029 година, а првиот работен ден ќе го има во среда, откако ќе ги заврши своите обврски со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.
Покетино ќе се сретне со играчите и ќе го води тренингот за првпат во четврток, додека неговото деби на клупата на „Црвените ѓаволи“ се очекува во недела, 22 ноември, кога ќе гостува на „Енфилд“.
Според информациите од „Скај Спортс“, Манчестер Јунајтед ќе мора да плати околу 7,4 милиони фунти за да го ослободи аргентинскиот стручњак од договорот што неодамна го потпиша со репрезентацијата на САД.