Пензионер починал на падините на Водно

by fokus

Вчера претпладне, велосипедист кој се спуштал од планината Водно пријавил дека забележал паднато лице, кое тешко дишело. По неговиот повик, веднаш дошла Брза помош, која констатирала смрт.

„На 9 јуни 2019 година во 11.25 часот во Полициската станица Центар, Н.Б пријавил дека додека се спуштал со велосипед на планината Водно, забелажал лице кое паднало и тешко дишело, по што повикал Итна медицинска помош. Во 12.15 часот екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Утврден бил идентитетот на починатиот, М.Ѓ.(68) од Скопје. По наредба Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција, додаваат од МВР.

Поврзани новости