Пензионер измамен за дрва, му одзеле 200 евра

by fokus

67-годишен жител на Трубарево пријавил дека бил измамен и му биле одземени 200 евра, а требало да купи дрва од непознато лице, соопштуваат од МВР.

„На 15.08.2018 година во 15,00 часот во Полициска станица “Гази Баба”, В.П.(67) од село Трубарево, скопско, пријавил дека околу 14.00 часот од страна на напознато лице извршена му е измама при што му биле одземени 200 евра. Откако пријавителот му кажал на сторителот дека сака да купи дрва од него но , прво да ги види, истите се упатиле кон камионот каде што се наоѓале дрвата. Во меѓувреме сторителот се вратил во домот на пријавителот и од сопругата на В.П. одзел 200 евра со изговор дека така кажал нејзиниот сопруг по што заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости