527
Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов во интервју за „Макфакс“ изрази надеж дека е ставен крај на политичките пресметки и на кавгите во Град Скопје.
„Се надевам дека го допревме дното во тие расправии во Град Скопје и дека ќе почне нешто да се случува. Секогаш сум оптимист иако немам многу факти за да го потврдам мојот оптимизам. Морам да кажам дека сум изненаден од нивото со кое Арсовска ги владее проектите. На маса ги владее. И не ми е јасно како со такво владеење во детали на проектите резултатите ги нема“, дополни Пенов.