Пендаровски за Велигден во родниот Галичник, Силјановска вечерва во скопско Црниче

by Фокус

Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, заедно со своето семејство на Велигден ќе биде Галичник, од каде што впрочем потекнуваат неговите семејни корени.

Пендаровски вечерва ќе ја посети црквата „Св. Апостоли Петар и Павле” каде што ќе присуствува на богослужбата за Велигден.

Кандидатката за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, пак, вечерва ќе ја посети црквата „Св. Петка“ во населба Црниче.

Поврзани новости