Заев со велигденска порака од Струмица, Мицкоски од Ѓорче Петров: Здравје, спокој, мир во семејството и домовите

by Фокус

Премиерот Зоран Заев синоќа испрати велигденска порака од родната Струмица.

„Да се живее спокојно, значи да се живее во хармонија со себе, со семејството и со своите сограѓани. Нема поединечна среќа, и нема поединечно добро. Добиваме рака, кога подаваме рака. Во предвечерието на големиот празник Велигден, да си посакаме добро здравје и личен мир“, порача Заев, кој Исусовото воскресение го дочека во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, пак, вчера присуствуваше во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, од каде посака спокој, мир и бериќет во домовите.

Поврзани новости