Пендаровски за кампањата досега потрошил пола милион евра, се чека извештајот на Силјановска

by fokus

Државната изборна комисија денеска ги објави досегашните трошоци во претседателската кампања на Стево Пендаровски и Блерим Река. Извештајот на Гордана Силјановска Давкова не пристигнал до ДИК во законскиот рок кој истече синоќа, но се очекува деновиве да стигне по пошта.

Пендаровски до 10 април пријавил 504 илјади евра собрани средства од кои потрошил 484 илјади. Река потрошил 25 илјади евра, а собрал 18 илјади донирани од БЕса и Алијансата за Албанците.

Приходите на Пендаровски се од чланарини, донации и платено политичко рекламирање. Од потрошеното, досега платено е само 145 илјади евра. Вкупниот досегашен трошок за владиниот кандидат за рекламирање е 340 илјади евра.

Поврзани новости