Со тој човек никогаш не сме биле сопартици, јас не сум член на политичка партија. И да сум бил со тој човек во иста партија би ми било минус во животот.
Има луѓе кои имаа потреба секој дена да зборуваат дека се Македонци кои зборуваат македонски јазик, други кои имаат лабави национални сознанија кои постојано повторуваат дека се Македонци , вели, претседателот Стево Пендаровски во Тема на денот на ТВ Сител во врска со изјавата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Тој појасни дека на прашањето на полската новинарка „Што значи отворањето на преговорите“ кажал дека: Tоа не е добро само за С.Македонија и народот кој таму живее,туку е добро и за целиот регион“ .
Претседателот кажа дека е разочаран што оваа реакација доаѓа од човек кој гласал за Преспанскиот договор.
-Излезе дека тој е поголем вмровец од вмровците и навистина се срамам што такви политички „прелетачи“ воопшто ме гласале, кажа Пендаровски.