Во вечерашното гостување во ,,Тема на денот” на Сител тв, претседателот Стево Пендаровски говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори истакна дека тој ќе влезе во вториот круг и ќе победи.
,,Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој никогаш не станал, со 7 кандидати, претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат”, рече Пендаровски.
Во оваа насока претседателот Пендаровски образложи дека условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список, значи околу 900 илјади граѓани, што, како што истакна претседателот Пендаровски е апсолутно невозможно.