Избори и во Хрватска

by fokus

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ најави распуштање на хрватскиот Сабор најдоцна до 22 март и дека изборите за хрватскиот Сабор ќе се одржат пред изборите за Европскиот парламент.

Пленковиќ по седницата на поширокото претседателство на ХДЗ извести дека донеле некои клучни одлуки во врска со распуштањето на хрватскиот Сабор и следните парламентарни избори.

„Првата стратешка одлука е дека изборите за хрватскиот парламент ќе се одржат пред изборите за Европскиот парламент. Втората е дека ова ќе биде последна седница на хрватскиот парламент пред неговото распуштање“, најави тој.

Поврзани новости