Пендаровски во Собрание: Владее култура на неказнивост

by Фокус

И покрај големиот напредок, останува нашата стара обврска реформите да ги имплементираме во пракса во крај, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски во годишното обраќање во собранието.

-Најважен аспект во изградба на функционална држава е неселективноста на правдата. Да не ги привилегираме оние што не го почитуваат поредокот. Разочарува што, според сите истражувања, во државата владее култура на неказнивост. Довербата може да ја вратиме со правна завршница на процесите –  рече Пендаровски.

Според него, големата автобуска несреќа во Бугарија е последниот од низата случаи кој, како што рече, ако не добие судска завршнциа во разумен рок, недовербата ќе расте.

-Општество со вакви тенденции е плодна почва за авторитарни и популистички лидери. Особено се шири апатија кај младите. Разочарува што многу релевантни истражувања покажуваат дека миграцијата не е од егзистенцијални причини. Заминуваат онаму каде најмоќните одговараат исто како сите – рече Пендаровски.

 

 

Поврзани новости