608
Претседателот Стево Пендаровски по завршување на Советот за безбедност изјави дека не се разгледува опцијата за воведување 24-часовен полициски час.
-Не разгледувавме 24-часовен полициски час. Во овој момент нема никаква потреба за воведување на поригорозни мерки во однос на ограничување на движењето. Нашата земја во однос на сите индикатори не е под нивото од земјите од ЕУ, рече Пендаровски.