Спасовски: Ако не проработи економијата, можни се нови мерки за поддршка

by Фокус

Вториот сет на мерки се за помош на реалниот сектор и на економијата, бидејќи е важно по завршување на кризата економијата да продолжи да функционира, рече премиерот Оливер Спасовски на Топ Тема на Телма. Тој не ја исклучува можноста за дополнителни мерки.

– Веројатно нема да бидат доволни овие пакет на мерки и ќе има потреба од носење на нови мерки. Ние како Влада сме сосема на чисто дека ќе го правиме во наредниот период. Објавивме прв сет на мерки и тогаш имаше реакции, па ги користат тие што најмногу им се потребни. Сега имаме втор сет на мерки, што сметаме дека ќе помогне во голема мера. Не исклучуваме дека треба да има и дополнителни мерки што уште повеќе ќе помогнат во делот на економијата, но притоа да не го занемариме здравството, здравјето и животот на граѓаните – изјави Спасовски.

Тој посочи дека овие мерки се однесуваат за следните два месеци, по што, доколку не проработи економијата, истакна Спасовски, ќе мора да има и нов сет на мерки.

Поврзани новости