Пендаровски упати честитка на новоизбраната претседателка на Косово Вјоса Османи

by fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитки до новоизбраната претседателка на Косово Вјоса Османи.

– Честитки до Вјоса Османи, новата претседателка на Република Косово. Верувам дека соработката меѓу Северна Македонија и Косово ќе продолжи со уште посилен интензитет, во духот на добрососедството и пријателските односи, обајви претседателот на својот Твитер профил.

Петгодишниот мандат на чело на државата Османи го доби од Собранието на Косово в недела, на 4 април. Новата претседателка на Косово, Вјоса Османи денеска официјално ја презеде должноста од досегашниот вршител на должноста на таа функција, претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца, јави дописникот на МИА од Приштина.

Поврзани новости