Пендаровски: Со народот за месец до два да го срушиме режимот на Груевски

by Фокус

Во продолжение на трибината на СДСМ во Универзална сала се обрати Стево Пендаровски кандидат на СДСМ за претседател на Македонија. беше најавен како човек кој ги освоил срцата на гласачите, а битката ја изгубил на наместени избори.

„Не верувам дека има човек кому не му е полно срцето. Оваа енергија и решителност докажува дека сме на виситнскиот пат и крајот на режимот доаѓа. Порано знаевме дека непријателите ни се од надвор, сега тие ни се тука. Најголемиот противник на државата е самата Влада во Скопје. Режимот прислушувал над 20 илајди граѓани и единствен начин да му се спротивставиме е со еден општонароден фронт. Македонија беше лидер во регионот пред неколку години, увезувавме европски вредности, а денес сме на опашката, не поминаа сите од нашето опкружување. Сите витални институции се во аут, ги контролира врвот на ВМРО ДПМНЕ. Ние сме угнетувани, засрамени, на оваа врхушка која не држи киднапирани“- рече Пендаровски.

Потсети на посетите на партиското раководство низ Македонија и пренесе дека и последниот човек знае за вистината.

„Од контактите со меѓународниот фактор знаеме дека нашите аргументи се силни и дека во Македонија постои дитактура. Спроти нас имаме добро организиран режим и мораме да му се спротивстави организирана слободарска структура, како што сме ние, ние сме единствената политичка алтернатива која може да го запре падот на државата. Ние мораме да направиме општо народна организација и за еден до два месеца да им кажеме збогум“- истакна Пендаровски.

Тој како да го најави новиот тим што според него би ја предводел државата. Наброја дека новите лица мора да се чесни и чисти. Последната порака негова беше дека народот мора да се сплоти како никогаш до сега.

„Заеднички, сплотено, до нова демократска Македонија, Режимот е на колена, но не готов“- заврши Пендаровски.

Поврзани новости