Родителите на убиените момчиња нема да присуствуваат на протестот за „Монструм“: Не ја злоупотребувајте нашата болка

by fokus 11:19
11:19

Родителите на убиените момчиња кај Смиљковското езеро не се организатори на денешниот протест најавен за 13 часот пред Кривичниот суд, а како што изјавија за „Фокус“ нема ниту да присуствуваат на истиот.

Тие велат дека ќе почекаат за да видат како СЈО ќе постапува, бидејќи од неодамна го превзедоа предметот. Исто така бараат никој да не ја злоупотребува нивната болка.

- Advertisements -

-Нашата болка и едните и другите ја користат за политичко поентирање, па затоа бараме тоа да престане, велат родителите.

Најавата за протестот се појави на Фејсбук под името „Правда за жртвите од Смилковското езеро“.

-Граѓански протест – Правда за жртвите од Смилковско езеро. Никогаш заборавени. Правда за Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски, стои во најавата за протестот.

Како што неофицијално дознава „Фокус“ зад протестот стојат поединци од ВМРО-ДПМНЕ. Од СВР Скопје, пак, добивме информација дека протестот е пријавен и тоа како граѓански протест.

В.В.

Поврзани новости