Пендаровски предлага регионален самит за потврда на европскиот пат

by Fokus 14:59
14:59

Северна Македонија, Албанија и другите земји од регионот треба да продолжат по европскиот пат зашто друга алтернатива нема, порача претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Илир Мета во Тирана.

Пендаровски предлага земјите од Западен Балкан да одржат вонрден самит на кој ќе се зборува за проширувањето на ЕУ и за добрососедските односи и на кој би се отфрлиле сите алтернативи на евроинтеграцијата. Доколку има согласност за тоа, домаќин на самитот би била Северна Македонија.

- Advertisements -

Пендаровски рече дека го информирал Мета за лидерската средба во Скопје и за државниот консензус да се продолжи по европскиот пат и да се организираат предвремени парламентрани избори.

Двајцата претседатели се согласиле да ги охрабруваат сите политички фактори да продолжат со ервопската агенда, а лидерите на ЕУ дека преговорите со земјите во регионот се влог во стабилноста и просперитетот.

Односите меѓу Скопје и Тирана, шефот на македонската држава ги оцени како одлични, а соработката интензивна и плодна. Пендаровски и Мета оценија дека треба да продолжи добрата политичка соработка, но оти фокусот во иднина треба да се стави на економијата.

Поврзани новости