Пендаровски предлага двојно да му се намали платата

by Fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 ѝ предлага на Владата да направи интервенција во Законот за плати и неговиот коефициент од 4,5 да биде два, за да не зема плата од 150.000 денари по одлуката на Уставниот суд.

„Одлуката на Уставниот суд од пред два дена е поразувачка. Би сакал да ја искоментирам пред воопшто да стане предмет во јавноста, а треба да стане. Невкусно е мојата плата, од сегашните 93.000 да биде 150.000 или на премиер, на спикерот на парламентот, министри од сегашни 80.000 да изнесува 130.000“, изјави Пендаровски.

Според него, Владата мора да направи брза интервенција во Законот за плати.

Поврзани новости