Пендаровски повика на детална истрага и лоцирање на одговорните за уништувањето на Универзална сала

by Fokus

Се огласи и претседателот Стево Пендаровски за пожарот во Универзална сала. Повика на итна истрага за причините за пожарот и санкционирање на одговорните.

„Универзална сала мора повторно да се издигне и да биде еден од најубавите симболи на Скопје и скопјани. За ова ќе се заложам уште во првите денови од мандатот.

Надлежните институции да спроведат детална истрага и да се санкционираат сите кои се одговорни за уништувањето на Универзалната сала!“ напиша Пендаровски.

Поврзани новости