Наместо најавените два, три концерти на Петар Грашо во Скопје!

by Fokus

Хрватскиот музичар Петар Грашо закажа трет концерт во Скопје, откако за кратко време распродаде два концерти, кои ќе се одржат на 26-ти и 27-ми април во Македонска Филхармонија. Третиот концерт е закажан на 29-ти април, а интересот на македонската публика бил огромен, информираат организаторите.

-Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, воодушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овојпат. Подгответе се за неверојатни два часа свирење и пеење на најголемите хитови како што се „Ако те питају“, „Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“, а освен неговите фантастични песни, со огромно задоволство ќе ги слушаме и песните Оливер Драгојевиќ, порачаа од организацијата на концертите.

Влезниците се пуштени во продажба по цени од 1.500 до 2.000 денари.

По концертите во Скопје, Грашо ќе пее во Струмица, на 30-ти април, во Центар за култура Антон Панов. За таму билетите се продаваат по цени од 1.250 до 1.550 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости