Пендаровски: По падот на диктатурата, парите ќе ги вратиме кај народот

by fokus 20:45
20:45

Приоритет на СДСМ по изборите, ќе биде враќање на функционалноста на правната држава. Економски развој на државата и побогат живот за сите граѓани е возможен само ако постои правна држава, вели Стево Пендаровски, носител на првата изборна единица од страна на СДСМ.

Тој денеска вети дека новата влада на СДСМ има стратегија како ги врати парите кај народот и оти ќе ја намали класната разлика.

- Advertisements -
Banner 300x250_

-Знаеме дека постојат резерви дека е тоа тешко и дека во други држави тоа не се реализирало, но верувајте ми, има многу примери во светот каде тоа е успешно направено, каде по падот на диктатурите најголемиот дел од украденото богатсво на народот е вратено назад. – рече Пендаровски.

Тој вели дека тој комплекс е долг и комплексен, но убедува дека е возможно само ако со политичка волја за тоа.

Поврзани новости