Ахмети- Пломп: Новата влада да го официјализира албанскиот јазик

by fokus

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска оствари средба со холандскиот амбасадор во Македонија, Ваутер Пломп.

Ахмети на средбата порачал дека по изборите новата влада ќе треба да се посвети на изнаоѓање решението на спорот за името кое овозможува евроатлантска интеграција, владеење на правото и бараните реформи од меѓународната заедница.

Тука, Ахмети го потенцирал прашањето за официјалната употреба на албанскиот јазик, за кој ДУИ пред неколку месеци побара Собранието да го официјализира со закон.

Според партиското соопштение, лидерот на партијата зборувал и за тешкиот период во кој земјата и регионот се соочуваа, како и „активностите на различни центри да ја искористат кризата со цел да се пренасочи земјата и регионот од евроатланската ориентација“.

Поврзани новости