468
Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски денеска од Битола истакна дека освен него, следени се и јавни личности, црковни веледостојници, политички опоненти.
„Во однос на пријавата која пред два дена ја поднесов до СВР Скопје и очекувам брза реакција од нивна страна низ процедура тоа да се открие, бидејќи не станува збор само за мене претпоставувам дека станува збор за еден подолг временски период наназад во кој некои луѓе се следени, како јавни личности, црковни веледостојници, политички опоненти. Верувам дека МВР професионално ќе си ја заврши работата и во најскоро време ќе имаме одговори – рече Пендаровски од Битола.