Малолетници каменувале воз, повреден машиновозачот

by Fokus

Воз кој сообраќал од железничката станица Ѓорче Петров во правец на железничка станица Скопје Север, на влезниот сигнал  на  железничката станица Скопје Север, бил каменуван од неколку малолетни лица на возраст од 12 до 15 години, информираа од МВР.

Според информации од полицијата, со телесна повреда се здобил машиновозачот З.Р. (50) од Скопје, бидејќи скршено биле предното стакло од неговата кабина.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости