Вучиќ: Не можеа на мене, па им се закануваа на исплашените дами во РТС

by fokus

Во денешното обраќање пред српскиот народ, по повод вчерашниот упад на демонстрантите во националната РТС, Александар Вучиќ соопшти дека не стравува од никого, и дека Србија нема да дозволи насилства. Тој порача дека сите оние кои се подготвени со насилство да решаваат проблеми, да бидат подготвени и на понатамошни последици.

-Овие луѓе надвор кои свиркаат и кои имаат пораки, на нив им е дозволено да протестираат, се додека тоа не прејде во насилство. Тоа се случи синоќа во РТС. Не можеа на мене, па насилно влегоа и се закануваа на исплашените дами во Радио Телевизија Србија. Можете да претпоставите како се чувствуваат сега тие. Сакам да им порачам дека јас не се плашам. Јас можам да го изгубам само животот, и ништо повеќе. Србија ќе биде стабилна земја. Нема да дозволиме никој со насилство да решава проблеми. Оние кои се подготвени на насилство, нека бидат подготвени подоцна да сносат и последици – рече Вучиќ.

Тој истакна дека сево ова насилство е со поддршка од Приштина.

-Мислев дека Харадинај се шегува кога ми зборуваше дека ќе ме сруши, сега гледам дека има соработници. Но наидоа на тврд орев, на некој кој не се плаши. Не е нивна мета и РТС, туку мета е тој што во лице им кажува дека се најголеми крадци – изјави српскиот претседател.

Поврзани новости