Пендаровски од Пелинце: Мора да има правда и слобода за да имаме достоинствен живот

by Frosina Fakova

Државата не може да напредува ако не се испорача правда, рече претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање од меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце по повод Денот на Републиката 2. Август – Илинден.

-Нашата битка денеска е да обезбедиме достоинствен живот за нашите граѓани во нашата земја, а не надвор од неа. А за тоа мора да има правда и слобода. Нашите граѓани со право се разочарани, гледајќи како обвинителство кое беше надеж за расчистување на криминалот се распадна, со тоа што и самото стана дел од организираниот криминал. Секој злоупотребен денар, секој наместен тендер, е причина повеќе за одлуката на заминување на многу млади и на зголемување на фрустрациите од нашите луѓе во нашата земја. Единствениот начин да изградиме праведно општество е да го почитуваме правото, е пораката на претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски вети дека негова заложба ќе биде постигнува помирување.

-Веднаш по мојот избор, реков дека ќе биде да работам на граѓанското помирување, кое ни е потребно од било кога. Се надевам и очекувам таа заложба да биде поддржан од Владата и од опозицијата, рече Пендаровски.

Поврзани новости