Претседателот Стево Панедаровски рече дека барањето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да се донесат, но да бидат со одложено дејство и да важат откако Македонија ќе стане членка на ЕУ е надвор од реалноста, иако тој лично би сакал да може тоа да се направи.
Во одговор на новинарскомпрашање на заедничката прес конференција со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, Пендаровски рече дека во право се и власта и опозицијата во нивните изјави по лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицковски.
„Ако ги гледате изјавите по таа лидерска средба и едните и другите се во право. Во право е премиерот кога вели дека има промена на ставот кај лидерот на опозициската партија, кој претходно велеше дека не сака да гласа за Бугарите во уставот и дека не може да правиме уставни измени под бугарски диктат. Тој тврдеше дека овој состав на парламентот нема мандат од граѓаните за воопшто да влезе во процесот на уставни промени. Тоа е неспорно. Од Друга страна е во право опозицијата кога вели дека нејзините предуслови кои дополнително ги има испоставено на лидерската средба. Особено барањето за одложено дејство на уставните проемни, или тие да важат отако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Тоа според мене е апсолутно надвор од реалноста, иако јас би сакал да биде така“, изјави Пендаровски.
Тој објасни дека заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни во кои се вели дека Македонија мора да ги направи уставни промени до крајот на скрининг процесот за по автоматизам да продолжите со втората конфевернцијата и отвотрањето на кластерот.
„Треба да имаме нови заклучоци на Советот на Европа, а занете колку е тешко тоа, за да биде можно да ги усвоиме уставните измени со одложено дејство. Тоа е нереално. Се надевам дека тоа не се користи како изговор за да не се влезе во уставните промени. Бев изненаден кога чув дека главната опозициона партија е подготвена да биде дел од Владата со пет ресори и да гласа од позиција на владејачка партија. За уставни проемни може да гласате и од позиција на опозиција“, рече Пендаровски.
На новинарско прашање дали ќе успее Македонија да ги направи промените на уставот до почнување на настанот Брдо-Бриони, кој годинава се одржува во Македонија, пртеседателот рече дека нема време за такво нешто.
„Процесот Бро-Бриони е закажан за втората половина на септември. Дури и денес да почнеме со уставни измени нема да може да стигнеме да завршиме со процесот до тогаш, бидејќи за промени на Уставот се потребни најмалку три и пол месеци, со калкулација дека во август парламентите на сите држави па и нашата не работат“, рече Пендаровски, кој додаде дека во делот за уставните промени има позитивна промена, а тоа е подготвеноста на опозицијата да влезе во Владата и да гласа за уставните промени.
Словенечката претседателка Пирц Мусаррече дека Словенија секогаш и помагала и ќе и помага на МАкедонија во процесот на евроинтеграциите и дека гарамнтира дека Македонија нема да ја снема од дебатите за проширување на ЕУ.