351
Евентуалниот прием на Македонија во НАТО би бил прием во меѓународна организација, а не во сојуз што по автоматизам значи дека не постои обврска граѓаните да се изјаснат за тоа, рече денеска Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.
-Значи ние кога влегуваме во НАТО не го користиме членот 120 кој зборува за влез во сојуз со други држави, туку зборуваме за влез во меѓународна организација, вели Пендаровски.
Анти- НАТО пропагандата и лагите пласирани во јавноста, според Пендаровски се причините за намалениот процент на поддршка од граѓаните за членство во алијансата.