458
На 2 август 2023 година претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на чествувањето на државниот празник 2 Август – Ден на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ќе предводи државно-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“.
Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ Пендаровски ќе биде пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по што двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба.