464
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во вечерашниот ТВ дуел рече дека изјавата на Блерим Река пред вториот круг од изборите, во која ги повика своите гласачи да гласаат по сопствено убедување, е достоинствена изјава.
-Јас мислам дека е достоинствена изјава. Не ни очекував тој да повика да се гласа за некој кандидат, тој е доблесен човек. Јас да ја пишував неговата изјава би ја напишал исто. Ние сега може да дебатираме дали мислел за некого од нас со изјавата. Но, кога рече да излезат да гласаат рече да гласаат за да не загрози ЕУ интеграцијата. Не верувам дека мислел дека со ревизија на Преспанскиот договор, ќе останеме на патот кон ЕУ, рече Пендаровски.