Трамп: Соработката со Русија и со Кина е добра, а не лоша работа

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина е заинтересирана да се придружи кон нуклеарниот „договор“ со САД и Русија со цел да се намали бројот на нуклеарни боеви глави.

Тој осврнувајќи се на денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека има можност договорот да биде „тринасочен“ вклучувајќи ја и Кина.

Пекинг многу би сакал да биде дел од тој договор, наведе Трамп.

Тој претходно изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за повеќе прашања, меѓу кои за Северна Кореја, Украина и Венецуела, како и за нуклеарното оружје и билатералната  трговска размена.

Трамп со серија твитови откри дека со Путин разговарале и за истрагата во САД за наводното руско мешање во американскиот политички систем, вклучително и во претседателските избори во 2016 година.

–  Имав долг и многу добар разговор со рускиот претседател Путин. Како што секогаш зборував, многу пред да почне „ловот на вештерки“, да се договориме со Русија, Кина и со другите е добра работа, а не лоша работа, напиша Трамп во еден од твитовите.

Поврзани новости