474
Претседателот Стево Пендаровски има време за средба со Нивес Целзиус, а нема време да и одговори на јавноста кој ги финансира бугарските клубови, обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Треба да излезе и да ја каже цената, знае за се и сешто да коментира, знае за се и сешто да има став, но очигледно дека за најбитното прашање, а тоа е дали и зошто ја продал Македонија не го гледаме еве скоро две недели, изјави Николоски во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.
Николоски тврди дека Агенцијата за разузнавање чија надлежност е под претседателот Пендаровски и чија работа е и надвор од Македонија и да ја штити безбедноста и уставно правниот поредок на Македонија, воопшто не дејствува.