Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска го има своето новогодишно обраќање пред Собранието. Обраќањето тој го започна со едноминутно молчење во чест на сите граѓани кои го загубија животот изминатата година во многуте несреќи кои се случија во државата: пожарот во модуларната болница во Тетово, автобуската несреќа во Буарија и сите починати од Ковид.
-Исклучително ми е тешко втора година по ред да го почнувам обраќањето со едноминутно молчење за граѓани кои ги изгубиле животот.
Серијата на ужани лични трагедии и колективни трагедија во државата треба да ја пробудат совеста во општството и одговорната на институции. Нема ништо повредно од животот и нема ништо понеправедно ако губењето на живот е поради човечки фактор, системски пропусти или прекршени правила, рече Пендаровски.