Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашната дебата на МРТ доби прашање од противкандидатот Блерим Река дали неговиот концепт „едно општество за сите“ може да биде имплементиран од Река како претседател.
-Мислам дека концептот општество за сите е можен и со Река за претседател. И се согласувам и не треба да бегаме од твојот концепт држава за сите. Колку што гледам нашите пристапи се слични. Има само една мала разлика која вака како пријател сакам да ти ја посочам. Во твојата кампања милам дека повеќе го нагласуваш етничкиот концепт. Јас тоа се обидувам да го избегнам. Не сметам дека тоа е нешто лошо и не навлегувам дали тоа го бараат партиите кои те поддржуваат, но мислам дека може погрешно да се сфати, му одговори Пендаровски.