Ден за фотографии, автограми и дружба со македонските ракометари

by fokus

Ребека накит, новиот партнер на македонскиот ракомет ги поканува љубителите на убаво парче накит и фановите на ракометот на заедничко дружење! Утре од 14:30-16:00 часот во продажниот салон на RebeccaMacedonia во ТЦ Рамстор Скопје ќе гостуваат нашите ракометни ведети: Кире, Столе, Деки, Филип К, Филип Т, Борко..

Посетителите ќе имаат можност да се запознааат, фотографираат и/или да добијат автограми од нашите ракометари како и да дознаат повеќе за нивните модни вкусови: Дали преферираат трендовски и впечатливи или елегантни и минималистички парчиња кај дамите? Каков им е стилот вон ракометниот терен? Повеќе информации за настанот можете да најдете на профилите на Ребека Македонија на социјалните мрежи, инстаграм @rebecca_macedonia и ФБ @Rebecca Macedonia.

Ве покануваме да уживате во спој на модата и спортот, италијанскиот шарм и македонската упорност и заеднички да им посакаме на нашите херои уште една нова победа во недела!

Поврзани новости